Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, кои се во посета на Пакистан, ги чуваат илјада полицајци, пишуваат британските медиуми. Тие во Пакистан ќе се сретнат со политичките и културни лидери на земјата. Кралската двојка ќе посети и неколку заедници во оваа земја, а ќе разговараат и за климатските промени, открија од клалската палата. Оттаму додаваат дека ова е „нивното најсложено службено патување“.
Инаку, медиумите пишуваат и дека војвотката од Кембриџ на аеродромот ги воодушевила сите со својот фустан, кој наликува на фустанот што принцезата Дијана го носела кога таа ја посетила оваа земја. За принцот и војвотката уште на аеродромот бил приреден свечен пречек. Тие ќе останат во Пакистан пет дена.
Текстот Илјада полицајци ги чуваат Кејт и Вилијам во Пакистан е превземен од Reporter.mk.