Директорот на „Гранд продукција”, Саша Поповиќ, ја раскажа својата животна приказна. Вели дека иако е директор на “Гранд“, по ништо не се разликува од многумина.
„Јас не би рекол дека имам нешто што другите немаат. Можеби истрајноста, упорноста, желба да се биде поинаков, едноставен. Можеби поради тоа што сакам ред и дисциплина. Не знам дали е тоа клучот на успех”, рекол Поповиќ во интервју за српските медиуми.
Со сопругата Сузана успешно функционира повеќе од 22 години брак, а открива и детали од заедничкиот живот.
„Сопругата ме вика Циле ,мајка ми ме викаше Цалика, и сестра ми исто така. Секакви прекари ми даваа. Не секогаш сум водел луксузен и богат живот, како што мислат многумина. Имав и јас тешки моменти. После големиот успех со Брена и “Слатки грех” почна војната и ние се распаднавме. Некое време ништо не работевме. Јас смислив како да егзистирам, го продадов станот во Нови Сад, купив кола ја земав заштедата и ги ставив парите во банката на Дафина.
Се сеќавам 10 март 1993 година кога пукна аферата со Дафина, пукнав и јас. Исчезна се. Живеев во солитер покрај автопат на 12 кат во стан од 17 квадрати. Тука останав три години. Во меѓувреме ја покренавме “Продукцијата Зам”, каде што бев музички уредник, компонирав песни, добро заработував а потоа во 1998 година Брена и јас го формиравме “Гранд”, раскажал Поповиќ.
Текстот Имав милиони, а после живеев во стан од 17 квадарти: Саша Попвиќ за сиромаштијата по војната е превземен од Reporter.mk.