Имелда Маркос беше првата дама на Филипините во периодот од 1965 до 1986 година, а пред неколку дена беше осудена за корупција. Повеќе од 30 години се бараше правдата во филипинскиот суд, имајќи предвид дека поранешниот претседател Фердинанд Маркос заедно со Имелда отуѓи милијарди долари што ги ставаше на сметка во швајцарските банки
Неговата сопруга е запаметена како најголема трошаџика во историјата. Исклучително убава и шармантна, но без никакво чувство и милост кон народот кој гладувал. Целиот свет се сеќава на „револуцијата без крв” на Филипините откако претседателот Маркос и Имелда побегнаа на Хаваи. Иако парите беа на сигурно, Имелда остави зад себе 3000 рала чевли кои подоцна беа изложени во претседателската палата.
Во време кога Филипинците живееја со два долара дневно, Имелда собираше чевли, купуваше парфеми во галони и мечтаеше да ја купи компанијата „Тифани и Ко“.
Текстот Имелда Маркос, најлошата прва дама во историјата е превземен од Reporter.mk.