Манекенката Ирина Шејк и глумецот Бредли Купер се договорија двајцата да имаат еднакви родителски права над нивната двегодишна ќерка Леа, пишува порталот „Ти-ем-зи“. Според нив, Ирина и Бредли сакаат да останат пријатели и да не почнуваат кавги слични на оние меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли.
Според „Ти-ем-зи“, моделот и актерот се сложиле отсега да живеат во ист град, сега во Њујорк, за нивната ќерка да поминува подеднакво време со двајцата. Претходно, Бредли и Ирина живееја во заедничка куќа во Лос Анџелес, но Ирина се отсели кога раскинаа и се врати во Њујорк каде што има стан.
„Двајцата се се уште синхронизирани и не чувствуваат потреба да го документираат целиот процес“, рекол извор за „Ти-ем-зи“ и додал дека договорот засега е само усмен, без адвокати и потпишана спогодба.
Ирина и Бредли се разделија пред неколку месеци. Претходно, имаше само гласини дека Бредли Купер бил повеќе пријател од Лејди Гага, со која глумеше во филмот „Ѕвездата е родена“. Откако Гага ја прекина веридбата со Кристијан Карино, светските медиуми пишуваа дека Гага е бремена со дете од Бредли и дека таа неодамна се преселила во неговиот стан.
Текстот Ирина Шајк и Бредли Купер се договорија за старателството над ќерката е превземен од Reporter.mk.