Ирина Шајк сака да го заборави Бредли Купер

Светскиот модел Ирина Шајк вешто ги одбегнува разговорите со новинарите на темата развод и расправиите кои ги има со нејзиниот сопруг Бредли Купер, пишуваат американските медиуми.

По веста дека таа и официјално се иселила од нивниот заеднички дом, манекенката вели дека сака да заборави на лошото минато со Бредли Купер и дека се враќа на работата и на тоа што најдобро го знае, моделството.

Ирина неодамна на социјалните мрежи се пофали со секси фотографија на која позира во едноделен црн костим за капење. Светските медиуми пишуваат дека додека Ирина ужива во природните убавини, Бредли е сликан од папараците во друштво на своите пријатели пред еден холивудски ноќен клуб.

 

 

Текстот Ирина Шајк сака да го заборави Бредли Купер е превземен од Reporter.mk.