Премиерот на Ирска, Лео Варадкар, ѝ испратил писмо на светската пејачка Кајли Миног во кое ѝ напишал дека е огромен фан и дека би сакал да се сретнат пред нејзиниот голем концерт во Даблин.
Лео писмото ѝ го испратил на пејачката минатата година во септември, пред нејзиниот концерт во ирската престолнина.
„Драга Кајли, би сакал да ти напишан кратка порака пред твојот концерт во Даблин. Навистина му се радувам. Јас сум твој огромен фан! Колку што можев да разберам, ти ќе отседнеш во хотелот ‘Мерион’, кој се наоѓа веднаш до мојот кабинет. Доколку сакаш, јас би можел лично да ти посакам добредојде во Ирска“, напишал Варадкар во писмото, а го пренесува британски „Гардијан“.
Кајли Миног поради воспаление на грлото била принудена да го откаже концертот кој беше закажан во октомври во Даблин, а со ирскиот премиер се сретнале на концертот во декември. На социјалните мрежи тогаш се рашири приказната дека Варадкар не ја платил вечерата кога се сретнал со Миног.
Текстот Ирскиот премиер е голем фан на Кајли Миног е превземен од Reporter.mk.