Иван Босиљчиќ сака да глуми во спот на Јелена Томашевиќ

Српскиот глумец Иван Босиљчиќ изјави дека сака да се појави во новиот спот на неговата сопруга, пејачката Јелена Томашевиќ. Иако се во брак скоро осум години, тој досега никогаш немал ни мала улога во нејзините спотови.

„Време е да се појавам во спот на Јелена. Мислам дека во спотот би можел да го глумам нејзиниот сопруг“, рекол Босиљчиќ за српските медиуми.

Актерот последните две години живее на релација Србија – Русија, бидејќи снима филмови и серии во Москва и Сент Петерсбург.

Јелена, пак, неодамна си замина од жирито на музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ за да може да се посвети на снимањето на новиот албум.

Текстот Иван Босиљчиќ сака да глуми во спот на Јелена Томашевиќ е превземен од Reporter.mk.