Седумнаесет годишната ученичка од Сплит Ивана Мундиќ Дујмини е избрана за новата Мис на Хрватска. Во конкуренција со 16 девојки, во годинашниот избор кој се одржа во Чаковци, Ивана ја понесе титулата за најубава девојка.
За прва придружничка беше избрана Анарамија Станчевиќ, за втора Тина Бачиќ, додека за Мис фотогеничност беше избрана Луција Дамјановиќ. Ивана ќе ја претставува Хрватска на светскиот избор во Кина на 8 декември 2018 година.
Текстот Ивана Мундиќ е избрана за новата Мис на Хрватска е превземен од Reporter.mk.