Ивана Трамп, првата сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, е оперирана во приватна очна клиника во Загреб. Таа од Америка специјално дошла во Хрватска за да го реши проблемот со видот, а операцијата ѝ ја направил директорот на клиниката, доктор Никица Габриќ, пишува магазинот „Стори“.
„За офталмолошката клиника во Загреб ми раскажуваа пријатели во Њујорк кои веќе биле оперирани таму. Лани бев во Хрватска за изворот на Мис Универзум, па ја посетив и клиниката, направивме прегледи и договоривме термин“, рекла Ивана по операцијата.
Поранешната жена на Трамп не е единствената позната личност што се оперирала на истата клиника во Загреб. Своите проблеми со видот тука ги решиле и глумците Арман Асанте, Франко Неро, Раде Шербеџија и многу други.
Текстот Ивана Трамп оперирана во Загреб е превземен од Reporter.mk.