Ќерката на американскиот претседател Донлад Трамп, Иванка Трамп ја променила верата и станала еврејка за да им удоволи на родителите на нејзиниот сопруг Џеред Кушнер. Иванка и Кушнер се запознале во 2007 година и излегувале две години. Но родителите на Кушнер не ја прифатиле затоа што сакале синот да се венча за Еврејка.
„По година дена раскинавме. Но, кратко потоа пак се смиривме, а јас ја променив верата за да се омажам за Јаред. Станав Еверјка“, изјавила Иванка во едно од своите интервјуа.
Ќерката на Трамп открила дека пред да го запознае сопругот, таа била никаква домаќинка. Не знаела да готви, не чистела по дома, не знаела ниту да спржи јајца на око.
„Морав на интернет да пребарам за да научам како да спржам јајца. Но, кога го запознав Џеред тој ме научи да бидам вистинска домаќинка. Сега се чувствувам повеќе женствено кога сум покрај него. Можам да се пофалам дека знам да му подготвам доручек“, вели Иванка.
Текстот Иванка Трамп за да се омажи станала Еврејка е превземен од Reporter.mk.