Иванов слави роденден

Актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов денес слави роденден. Тој полни 59 години. Изнов е роден во Валандово на 2 мај 1960 година, а роденденот е на три дена пред претседателските избори во земјава. Иванов ги служи последните денови од вториот мандат.  Дипломирал на Правниот факултет во 1982 година. На 27 години дошол да живее во Скопје, а во брак е со Маја Иванова, која ја запрослил со калинка. Двојката го има синот Иван, кој е љуботел на рок музиката. За Велигден семјството беше во Охрид.

Текстот Иванов слави роденден е превземен од Reporter.mk.