„Волстрит Журнал“ пишува дека „Американ Медиа“, издавачот на таблоидот „Нешенел Инквајерер“, платил 200.000 долари за да ја добие интимната преписка меѓу главниот извршен директор на „Амазон“ Џез Безос и неговата љубовница Лорен Санчез.
Издавачот на овој таблоид, како што пишува „Волстрит Журнал“ оваа сума му ја платиле на братот на Лорен Санчез. „Волстрит Журнал“ наведува дека ова откритие се поклопува и со заклучокот на приватните истражители кои работеле на истиот случај, а кои биле ангажирани од Безос на почетокот на февруари.
Најбогатиот човек на светот исто така сакал да дознае како медиумите успеале да стигнат до неговите приватни пораки. Истражителите на милијардерот наводно откриле дека братот на Лорен, Мајкл ја предал нивната преписка на магазинот „Нешенел Инквајерер“, но на почетокот не можеле да утврдат кој платил за истатата.
Безос претходно изјавил дека од издавачката куќа „Американ Медиа“ му се заканиле со објава на експлицитни фотографии, доколку не престане да истражува како таблоидот „Нешенел Инквајерер“ успеал да ги добие неговите приватни пораки, и јавно соопштиле дека известувањето на нивниот таблоид не било политички мотивирано.
Текстот Издавачка куќа платила 200.000 долари да дојде до преписката на Џеф Безос со љубовницата е превземен од Reporter.mk.