И по тринаесет години од смртта на легендарниот српски актер Данило Лазиќ, неговата ќерка Јелена вели дека сеуште и се свежи сеќавањата од убавите спомени поминати со нејзиниот славен татко.
Домашната, но и пошироката публика, Лазиќ најмногу го памети по улогата на Шчепан Шчекиќ од серијата „Среќни луѓе“. Лазиќ е роден во Бродарево на 25 ноември 1951 година во работничко семејство. По неколку години од неговото раѓање, неговото семејство се преселува во градт Прибој, каде Данило завршува гимназија.
На академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград, Лазиќ дипломирал во 1974 година, а истата година ја добил улогата во „Отпишани“.
Многумина верувале дека Данило обожава да оди во кафани, но малкумина знаат дека тој бил семеен човек, кој пред се ја сакал глумата и своето семејство. Со сопругата Бранка се сретнал сосема случајно, но веднаш знаел дека ќе му биде жена, вели Јелена, потсетувајќи се на приказните кои и ги кажувал нејзиниот татко.
„Мама и тато се запознале на Златар во 1975 година. Тој беше со својот клас, а таа со фолклорната група која требаше да учествува на тамошен настан. Данило седел во градината во хотелот каде престојувал, додека мојата мајка излегувала од автобусот. Му се обратил на негов другар. „Дали ја гледаш онаа девојка? Таа ќе ми биде жена“. Се запознале и тоа беше сè“, раскажува Јелена.
Бранка се вратила во Подгорица каде студирала право. Дури пет години подоцна двајцата почнале да се забавуваат, а набрзо потоа и се венчале. Прво добија ќерка, а подоцна уште три деца.
На врвот на својата популарност, за да децата имаат што подобри услови за растење, Данило со семејството од станот во центарот на Белград се преселува во Авала.
„Мислам дека тоа е најдоброто нешто што мојот татко можеше да го направи за нас. Не тргна од асфалтот, па со моите браќа и сестра, наместо да растеме чекајќи лифт, уживавме во природа и здраво детство“, изјавила Јелена.
Данило починал за време на снимањето на серијата „Стигнуваат долари“, во март 2006 година, пред 13 години.
Текстот Ја гледаш таа девојка, ќе ми биде жена – ќерката на Данило Лазиќ за убавите спомени е превземен од Reporter.mk.