Српската глумица Неда Арнериќ почина вчера на 67-годишна возраст. Таа била пронајдена мртва во нејзиниот стан. Колегите и пријателите од вчера се простуваат од актерската легенда.
Глумицата Љиљана Благојевиќ за Неда напиша:
“ Збогум драга Недо. Бог нека те однесе во рајот. За добрите луѓе тоа е загарантирано“, напиша Љиљана на Твитер.
Смртта на Неда Арнериќ особено го погоди глумецот Богдан Диклиќ.
“ Страшно. Грозно се чувствувам“, со потресен глас рекол Диклиќ.
“ Шокирана сум. Морам да се приберам“, кратко изјавила актерката Светлана Бојковиќ.
“ Никогаш не сме играле заедно, но соработувавме во неколку филмски проекти. Сите во мојата продукција сме многу тажни, бидејќи бевме убедени дека Неда после смртта на сопругот и здравствение проблеми, се опорави и почна нов живот. Нека и е лесна земјата, “изјавил Радош Баиќ.
“Неда беше голема глумица и до нејзиното име може да стои епитетот легенда. Често се среќававме низ работата. Во последно време се врати на работа и се чинеше дека е подобро. Ова е голема загуба за културата“, изјавија глумицата Горица Поповиќ.
“Во шок сум. Не можам да верувам. Неда вчера изгледаше одлично, ја видов како шеташе, носеше детски ранец. Не можам да верувам дека сега е мртва“, рекла нејзината комшивка.
Инаку, животот на Неда Арнериќ покрај глумата го обележија и бројни љубови. Секако, најголема од нив е докторот Милорад Мештеровиќ, со кого беше во брак 35 години. Мештеровиќ почина лани лани по долгата и тешка борба со карциномот, а глумицата тоа многу тешко го поднесе.
„Тој ми е мене сè, син, брат, татко, љубовник и пријател. Толку сум среќна што истуркавме заедно. Имаше разни чудесии, не бевме светци, но најголем пријател ми е“, искрено во една прилика рекла глумицата.
Пред него беше во брак со режисерот Дејан Караклајиќ и со глумецот Раде Марковиќ.
Текстот „Ја видов вчера Неда како шета со детски ранец“, колегите се простуваат од славната глумица е превземен од Reporter.mk.