Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на социјалните мрежи објави колаж со фотографии од неа и нејзиниот пријател и колега, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Таа сподели фотографии на кои се седнати во кафуле, од официјални средби и прес-конференции и фотографија на која двајцата се облечени во навивачки дресови, Миле во дресот на „Вардар“, а Гордана во дресот на „Ливерпул“. Покрај фотографиите таа напиша BFF, што значи „засекогаш најдобри пријатели“.
Јанакиески во моментов е во затворот во Шуто Оризари, а беше приведен по бегството на експремиерот Никола Груевски во Унгарија. Против него се водат неколку судски процеси, а Јанкулоска исто така беше осудена на шест години во случајот „Тенк“ за набавката на блиндираниот мерцедес.
Текстот Јанкулоска: Миле засекогаш е превземен од Reporter.mk.