Кумашинот на Саша Поповиќ Јашар Ахмедовски кој ретко се појавува во медиумите и дава изјави, јавно ги обвини Северина и Дара Бубамара дека намерно се фотографираат голи за да го привлечат вниманието.
Јашар вели дека тој што знае да пее, нема потреба од вакви истапи во јавноста.
„Секако дека Северина и Дара Бубамара намерно се фотографираат голи. На тој начин сакаат да привлечат внимание. Тој кој знае да пее и кој е талентиран, мислам дека нема потреба за тоа. Но, од друга страна, времињата се такви. Луѓето сакаат да ги гледаат голи. Немам ништо против тоа, ако некој има што да покаже, нека го покаже“, изјавил Ахмедовски.
Ахмедовски за медиумите проговори и за пријателството со Сашо Поповиќ.
„Нашето пријателство со Саша Поповиќ почна со настапите на Лепа Брена по хтелите. Сале отсекогаш ми бил симпатичен и како човек и како музичар. Откакос направи пауза ја основа „ЗАМ продукцијата“. Јас преминав кај нив. Се дружевме постојано пет шест години, а откако јас решив да се венчам со долгогодишната девојка, побарав Сале да ми биде кум. Се разбира затоа што ми е добар пријател, а не поради тоа што е директор на „ЗАМ“ или „Гранд““, вели Јашар.
Текстот Јашар Ахмедовски тврди дека Северина самата ги објавила голите фотографии е превземен од Reporter.mk.