Јелена Ѓоковиќ ќе прави козметика од мајчино млеко

Јелена, сопругата на Новак Ѓоковиќ, го замрзнувала своето млеко додека доела и го чувала со месеци во фрижидер. Сега решила да го искористи во козметката.
„Се вратив дома по повеќемесечно патување и го пронајдов ова пакување млеко. Само кога ќе се сетам колку се намачив и не можам да верувам дека не сум ги искористила сите. Сите ми велат расипано е и дека треба да го фрлам, ама јас не можам. Сега добив идеја да го искористам за купки, сапуни или козметика“, напиша Јелена . Веста за козметиката од мајчино млеко ја пренесе и британското списание „Сан“. Јелена и Новак го добија првото дете, синот Стефан, во октомври 2014 година, а во 2017 се роди ќерката Тара.

Текстот Јелена Ѓоковиќ ќе прави козметика од мајчино млеко е превземен од Reporter.mk.