Јелена Карлеуша најави концерт

Српската пејачка Јелена Карлеуша го искористи моментот на олабавување на мерките од коронавирусот и на социјалните мрежи го најави својот концерт, кој е закажан за 24 мај.

„Мојот интерес беше да се направи нешто што е досега невидено. Така овој пат ги поместивме границите кога е во прашање продукцијата“, изјавила пејачката, а пренесува Express.

Карлеуша на „Инстаграм“ напишала дека со нетрпение го очекува почетокот на концертот.

Таа неодамна се најде во центарот на јавноста, откако српските медиуми пишуваа дека турскиот глумец Акин Акинозу, се заљубил во неа и покрај тоа што бил верен со неговата девојка Сандра.

„Акин не се трга од „Инстаграмот“ на Јелена. Тој ја изгуби главата по српската пејачка, а на Сандра многу и е јасно тоа. Тој знае дека Карлеуша е популарна ширум Европа“, изјавил извор близок до турскиот глумец.

Ваквите шпекулации Карлеуша ги демантираше.

 

Текстот Јелена Карлеуша најави концерт е превземен од Reporter.mk.