Фолк-ѕвездата Јелена Карлеуша по пауза од речиси еден месец минатата недела се појави на снимањето на емисијата „Гранд специјал“. Таа се повлече од јавноста по смртта на нејзината мајка Дивна, па кога дојде на снимањето, многумина рекоа дека Карлеуша се враќа во шоуто. Сепак, пред крајот на емисијата пејачката откри дека веќе нема да биде дел од „Ѕвездите на Гранд“. Таа на своите кандидати им рече дека ја имаат Ивана Петерс, која е одличен музичар.
„Само да им кажам на моите кандидати, јас неверојатно нема да бидам тука за вас. Но тука е мојата драга Ивана. Јас знам дека ги одбрав најдобрите, дека ќе стигнеме до финале и знам дека имаме победник, го чувствувам тоа“, им рече Карлеуша.
И покрај нејзината изјава, од продукцијата рекоа дека се надеваат дека Јелена ќе се премисли и дека ќе се врати како ментор на своите кандидати барем за финалето.
Текстот Јелена Карлеуша нема да се врати во „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.