Српската пејачка Јелена Карлеуша се прости од нејзината мајка Дивна, која по долгогодишно боледување од рак почина на 3 март на 61-годишна возраст.
„Победничке моја, голем борец. Не грижи се за ништо, сè ќе биде онака како што сакаше. Моја гордост, мој пример, љубов моја, убава, насмеана. Спиј мирно, ангелу мој“, пишува во некрологот за Дивна Карлеуша.
Блсиките пријатели на Карлеуша велат дека пејачката е повлечена од јавноста и не излегува од својот дом. Покрај Јелена, со жална вест се простија и голем број пријатели и колеги на пејачката.
Текстот Јелена Карлеуша се прости од мајка си Дивна е превземен од Reporter.mk.