Српската пејачка Јелена Карлеуша денеска присуствуваше на погребот на таткото на својот сопруг Душко Тошиќ. Милорад Тошиќ денеска беше погребан во родното село Орловат. Починал по долго и тешко боледување.
Милорад бил голема поддршка на својот син, а блиските на семејството не криеја дека бил близок и со својата снаа. Јелена на погребот се појави со големи очила со кои ги криеше солзите. Постојано беше покрај својот сопруг и неговата мајка.
Карлеуша се прости од својот свекор со трогателна порака, а на Душко му порача да биде силен.
„Фала ви на сите вас добри луѓе за утешните зборови и поддршка. Фала и на медиумите за културното известување за погребот на таткото на мојот сопруг. Ова е реалниот живот. Биди јак, мој орлу“, порача Јелена преку „Твитер“.
Текстот Јелена Карлеуша се прости од својот свекор е превземен од Reporter.mk.