Јелена Карлеуша се сликаше гола во кампања за заштита на животните

Пејачката Јелена Карлеуша се соблекла гола во кампањата за заштита на животните. Таа порачала дека попрво би одела гола, отколку да носи крзно на себе.

Карлеуша е првата личност од балканските простори која позирала за оваа позната кампања.

„Како личност од јавниот живот со големо влијание кон младата популација, особено во овој дел на Европа, сакам да претставувам добар пример, да бидам добар предводник“, порачала Јелена и додала.

„Оваа кампања ги вклучува јавните лица од целиот свет, кој го подигнуваат својот глас и ефикасно делуваат. Ја користиме нашата слава на најдобар можен начин против убивање на недолжните. Ја покажуваме нашата кожа и објаснуваме дека сме убави кога нашите срца и душа се полни со љубов. Не ни е потребно крваво крзно за да изгледаме и се чувствуваме добро. Убивањето не може да биде убаво“, порачала Карлеуша.

Таа потоа се огласила и на социјалните мрежи и порачала дека најважно е да се промени ставот.

„Гледав ПЕТА видео снимки кои прикажуваат како брутално се убиваат животните поради крзното. Плачев додека го гледав тој хорор. Моето срце се скрши и сега разбира што луѓето им прават на животните во секојдневието. Нанесуваме толку болка и јас одбивам да бидам дел од тоа. Никогаш повеќе“, изјавила Карлеуша.