Српската пејачка Јелена Томашевиќ викендов беше во Крушево. Таа го посети гробот на Тоше и спомен куќата, а се запозна и со неговите родители, Никола и Доминика. Воодушевена од нивното гостопримство, таа впечатоците од средбата ги сподели на „Инстаграм“, заедно со неколку фотографии.
„Крушево, нека ти е вечна слава ангелу. Денес ги запознав родителите на Тоше, прекрасни луѓе и домаќини. Ме дочекаа со толку многу љубов, успеја да ме трогнат,“ напиша пејачката.
За потсетување, Јелена и Тоше соработуваа пред многу години, а Проески за неа ја компонираше песната „Где да одем, а да те не волим“. Во едно дамнешно интервју Јелена откри и дека Тоше ја снимил нејзината песна „Јутро“, па дека би сакала да ја најде снимката и да ја чува како спомен.
Инаку, Томашевиќ е неколку дена во Македонија. Таа вчеравечер во Битола одржа концерт со Камерниот оркестар на градот, како дел од Фестивалот на светската музика. Претходно, заедно со финската хармоникашка Хели Сиекинен, засади дрво пред Центарот на културата во Битола.
Текстот Јелена Томашевиќ ги запозна родителите на Тоше: Ме дочекаа со многу љубов е превземен од Reporter.mk.