Српската пејачка Јелена Томашевиќ и нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ, божиќните празници ќе ги дочекаат во нивниот нов дом. Повеќе од седум години тие живееа во центарот на Белград, но од пред неколку месеци, тие ја продадоа станот и купија куќа на Вождовц.
На нивната ќерка Нина не ѝ претставувало проблем да го промени основното школо, додека прв комшија во новиот дом ќе им биде семејството на легендарниот српски актер Љубиша Самарџиќ.
„Многу ми е драго што центарот на градот го заменивме со куќа која се наоѓа во помирен дел. Особено ми се допаѓа шумата. Тука е посвеж воздухот, имаме двор, а и за мојата ќерка е многу полесно. Некако сè ми е покомотно. Како дете израснав во куќа и одма се соживеав со новиот дом. Не морав да се навикнувам. Иван за разлика од мене пак, пораснал во зграда и ова за него е нешто ново“, вели Јелена.
Пејачката во последните неколку години, поради честите ангажмани на нејзиниот сопруг во Русија, беа разделени со Иван. Со ќерка ѝ Нина често патувале во Москва и Санкт Петербург, за да го посетат.
„Сега ми е драго што Иван е во Србија и што не мораме да патуваме повеќе. Иако доста време минавме во Русија. Бевме во Москва и Санкт Петербур. Тоа беше сјајно, не го ни почувствувавме временскиот перид кој беше долг, затоа што често бевме заедно“, вели Јелена.
Текстот Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ божиќните празници ќе ги дочекаат во новиот дом е превземен од Reporter.mk.