Поп-пејачот Јоце Панов стана татко. Неговата сопруга Марина се породи вчеравечер во 20 часот. Бебето го носи името Лука, по желба на двајцата родители. Тешко е 3.540 грама, а долго 51 сантиметар. Породувањето поминало во најдобар ред, а бебето и мајката се добри. Пејачот веста ја објави на социјалните мрежи и ова е прво негово дете. Јоце лани летото се ожени со Марина Нацевска, со која беше претходно десет години во врска.
Текстот Јоце Панов стана татко е превземен од Reporter.mk.