Вдовицата на Џон Ленон, Јоко Оно, објави дека ќе издаде нов албум оти нејзините вечни мировни пораки му се потребни на светот во 2018 година. Албумот на 85-годишната Оно, „Воена зона“, ќе излезе на 19 октомври, а ќе содржи нови верзии на песните што таа ги напишала во последните педесетина години, вклучувајќи ја и Imagine. Албумот ќе има 13 песни, а го продуцира нејзиниот син Шон Оно Ленон. Во прв план во песните е гласот на Оно во раскажувачки стил.
„Светот е во хаос. Ситуацијата е тешка за сите. Но, не е доцна да се промени светот. Јоко ни треба сега повеќе од кога било“, изјави нејзиниот портпарол.
Јоко вели дека „Воена зона“ не е нејзиниот проштален албум, бидејќи веќе работи на уште еден.
Текстот Јоко Оно подготвува албум на 85 години е превземен од Reporter.mk.