Американската ѕвезда на реалното шоу Кајли Џенер поради нарушено здравје ги пропушти доделувањата на наградите „Еми“. Таа била итно хоспитализирана во болница. Лекарите велат дека имала симптоми на грип и дека постојано имала вртоглавици и мачнини.
Од нејзиниот тим велат дека Џенер требало да присуствува на доделувањето на наградите „Еми“ заедно со нејзините сестри Ким и Кендал.
Таа се извини на „Инстаграм“ затоа што морала да го откаже и присуството на модната ревија „Балмајн“, во Париз, каде требало да ја промовира нејзината шминка, заедно со директорот на компанијата, Оливие Рустинг.
Блиски извори до семејството Кардашијан велат дека друштво во болницата ѝ правела сестра ѝ Кејтлин Џенер. Нејзината мајка заедно со сестра ѝ Кендал се во Париз на Модната недела.
Текстот Кајли Џенар поради нарушено здравје ги пропушти „Еми“ наградите е превземен од Reporter.mk.