Австралиската поп-ѕвезда, икона Кајли Миног викендов ќе настапи на познатиот музички фестивал „Гластонбери“, 14 години откако го откажа настапот бидејќи ѝ беше дијагностициран рак на градите. Миног за австралиските медиуми рече дека мислела оти ја испуштила шансата кога мораше да го откаже настапот во 2005 година. Таа настапи на фестивалот заедно со „Сизр систерс“ во 2010 година, но сега ќе настапи како најголема ѕвезда на главната бина.
„Доаѓањето на Гластонбери ми е многу емотивно. Многу размислував што ќе настапам на бината на легендите. Знаете, нема брз начин кој ќе ве донесе тука. Чудно е да мислиш за себе дека си легенда“, рекла 51-годишната Миног во интервјуто за ДПА за нејзиното 14-годишно чекање.
Таа се присети на моментот кога пред 14 години, еден месец пред настапот, дознала дијагноза дека има рак.
„Тогаш сфатив колку животот е кревок. Сигурно повторно ќе ми дојдат тие чувства кога ќе излезам на сцена и веројатно ќе има солзи. Ќе мора да ставам водоотпорна шминка“.
Текстот Кајли Миног се враќа на фестивалот „Гластонбери“ 14 години откако го откажа настапот заради рак на дојката е превземен од Reporter.mk.