Пред да стане војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон била обична студентска и учествувала во разни студентски активности. Една од нив била и хуманитарната модна ревија наречена Don’t Walk, која секоја година ја организира факултетот Сент Ендрјус, во која Кејт учествувала во 2002 година.
Тогаш 19-годишната Кејт се пробала во улога на манекенка, а на пистата прошетала во проѕирен фустан на дизајнерката Шарлот Тод. Принцот Вилијам, кој ја следел ревијата од првиот ред, се заљубил на прв поглед.
„Вау, Кејт е секси“, прокоментирал тогаш принцот на својот пријател Фергус Бојд со кого седеле заедно, пренесува Harpers Bazar. Дека Кејт во разголено издание за прв пат го привлекла вниманието на Вилијам, потврдил и нејзиниот заеднички пријател и поранешен колега од факултетот Итон, Пет Данкан.
„Тоа било пред крајот на нивната прва година на факултет. И јас бев на настанот и имаше многу згодни девојки. Но, Кејт носела целосно проѕирен фустан, а Вилијам не можел да го тргне погледот од неа“, вели Данкан.
Година дена подоцна, Кејт и Вилијам почнале врска, а сето друго е историја. Интересно е дека проѕирниот фустан што Кејт го носела на таа ревија, нејзината дизајнерка го продала во 2011 година, истата година кога Кејт и Вилијам се венчале, и тоа за вртоглави 125.000 долари.
Текстот Како Кејт Мидлтон го завeде принцот Вилијам е превземен од Reporter.mk.