Како што Супермен го има Лекс Лутор, Химен – Скелетор, Спајдермен – Зелениот гоблин, така и Бетмен отсекогаш го имал за свој непријател Џокер. Со зелена коса, бледо бела кожа, злобна насмевка и манијакално се смее. Сето тоа го одбележува Џокер. Но, малкумина знаат како настанал неговиот лик. Што послужило како инспирација да настане познатиот филмски негативец.
Сè почнува со немиот германски експерсионистички филм „Човекот кој се смее“. 80 години од неговото деби, Џокер се има променето и од тогаш гледавме еволуција во неговиот карактер. Творецот на Бетмен, Боб Кејн, вели дека германскиот актер Конрад Вајд му послужил како инспирација да го создаде ликот на Џокер од самиот почеток.
Приказната почнува во 1940 година, кога тројца уметници, Бил Фингер, Боб Кејн и Џери Робинсон, направиле свои скици на антихерои. Сеуште постојат несогласувања околу тоа кој го креирал Џокер, но факт е дека неговото уметничко раѓање било плод на вкрстување на ликот на Џокер од картите и лицето на глумецот Конрад Вејт од филмот „Човекот кој се смее“.
Базиран на романот на Виктор Иго, филмот говори за момчето Гвинплејн (Конрад Вајд) чиј татко е осуден на смрт, затоа што го навредил кралот Џејмс Втори Стјуард. Семејната тортура не завршува тука. Кралот наредил лицето на младиот Гвинплејн трајно да се преобликува и да добие гротексна насмевка. Гвинплејн на крајот станува глумец кој патува низ светот и заработува пари покажувајќи го своето унаказено лице на публиката, сè додека не се заљубува во слепа жена по име Деа.
Текстот Како настанал Џокер? е превземен од Reporter.mk.