Филмскиот ангажман на актерката Анџелина Џоли во филмот „Во земја на крв и мед“, претставен како американска драма од 2011 година, кај поголемиот дел од јавноста до ден денес остана непирафатен.
Од самиот старт голем број критичари и новинари го осудиле ваквото остварување, а новинарската проекција во пресрет на европската премиера на филмот на 62 Брлинале беше испратена со свиркања и по некој аплауз.
Повеќето се согласуваат дека ваквото остварување е полно со нелогичности. Дијалозите се површни, актерите во улогите не се изнеле како што се очекувало од нив, а под знак прашање е и вистинитоста на прикажаните настани.
Она што пред неколку години одекнало како вест на овие простори е и податокот дека српскиот актер Небојша Глоговац добил понуда да игра во филмот, но истата тој ја одбил.
Покојниот актер изјавил дка агентите кои контактирале со него не сакале да го споменуваат името на Џоли, туку само ја ословувале со „таа“.
„Контактирав со нејзините кастинг агнети. Ми кажаа дека ме виделе во неколку филмови и ми понудија соработка. Но поради тоа што во последните години во холивудската продукција се одвиваше некаков тренд на војувања, силувања, убивања, колења, силувања, додека останатите правеа не знам што, без никаква филмска естетика која единствено го оправдува постоењето на некој филм, бев многу внимателен. Никако не сакав да играм во приказна во која само еден народ е виновен, луд и крволочен, а сите други се прекрасни и мали мачиња. Без оглед на тоа за кој народ станува збор. Тоа сценарио на Џоли, чие име агентите со кои се допишував не сакаа да го споменуваат, туку само ја ословуваа со „таа“, не го видов. Некако остана тајна, не сакаа да ми го покажат. Тоа ми беше чудно, затоа што стануваше збор за приказна која требаше да ја видат неколку милиони луѓе“, изјавил Глоговац.
Српскиот актер им објаснил на агентите дека ќе ја прифати улогата и покрај тоа што не го видел сценариото, но само доколку реално се гледаат војните водени на Балканот.
„На инсистирање на агентите да ја прифатам улогата на невидено, одгоорив дека сакам доколку филмот ги согледа сите наши војни. Да се прикаже целото зло кое им се случило на луѓето кои се сакале, соработувале, биле комшии, живееле заедно, се женеле се мажеле едни со други и во кои само политичарите поминале добро. Кога почнав да ги поставувам овие прашања, комуникацијата почна помпезно. А заврши типично американски. Во последното писмо, агентите на Џоли ми напишаа. „Поради тоа што вашиот талент е толку голем, што само можеме да ви го понудиме главниот лик, а тој е веќе доделен, нема да можеме да имаме улога за вас“, објаснил Глоговац во 2012 година, во интервју за „Новости“.
„Кога сватив дека се работи за уште еден проект во кој Американците ни раскажуваат приказни за тоа што и како се случувало и како ние ја доживувавме војната, а притоа немаат поим за суштинските работи, им се заблагодарив на соработката. И не зажалив. Филмот испадна лош. Анџелина Џоли нимаку не се прослави како режисерка. Интуицијата ме спаси“, изјавил Глоговац велејќи дека не се покајал ни за миг што не ја прифатил улогата во филмот на Џоли.
На 31 март 2012 година, во Москва била прекината проекцијата на филмот на Џоли „Во земја на крв и мед“. Проекцијата во киното „Ролан“, ја прекинале активисти на здружението „Руски образ“, а неколку момци пред киното истакнале транспарент на кој пишувало „Убијте ги Србите? Не, нема да ве слушаме!“, по што во салата биле запалени светлата. Небојша почнина на 9 февруари 2018 година во Белград. Српскиот актер ја изгуби битката со тешката болест и почина на 49 годишна возраст. Зад себе оставил три деца.
Небојша бил погребан на 12 февруари 2018 година во Алејата на славните.
Текстот Како Небојша Глоговац ја одби Анџелина Џоли за улога во филмот „Во земја на крв и мед“ е превземен од Reporter.mk.