Коки Јанков од „Тајфата“, прилично инспириран сподели една случка на скопските улици, заради која вели ем се растажил, ем го натерало да размисли. Тој јавно го сподели тоа. Вели вака:
„На една не толку широка улица, навечер, пред мене во спротивен правец налетувам на камион за собирање ѓубре. Пуштено беше жолтото ротационот и застанав и си чекам. Луѓето ги тресеа контејнерите во камионот, а позади мене веќе застанаа во ред повеќе коли. Чудно, никој не свирна нит трепна за тие 5-6 минути (многу е и тоа). Одеднаш се појави возачот на камионот(бил позади) и пред да се качи во кабината ја крена раката како за полу поздрав, во рикверц и свирна, како да сакаше да се извини, а немаше потреба од тоа.
По него и луѓето што ги тресеа контејнерите, се закачија на рачките од камионот, не поздравија и си отидоа како да брзаат по некоја нова нарачка. Насмеани сите. Свирнав и јас, ги поздравив. Беше касно навечер. Какви ѓубриња сме ние луѓето. Кој нас да не собере (таква мисла ми дојде, не знам зошто). Си викам џабе се, кога не знаеме ни да се насмееме како нив. Од таа вечер, секогаш кога ќе се разминам со таков камион, ќе им свирнам, ќе им дигнам рака за поздрав. Пробајте, поздравете ги некогаш, некоја вечер, па ќе видите што ќе се случи -раскажа Коки.
Какви ѓубриња сме, се вознемири Коки was last modified: April 26th, 2019 by Александра Георгиев
Текстот Какви ѓубриња сме, се вознемири Коки е превземен од Reporter.mk.