Калиопи и Лепа Брена ќе пеат на МАС наградите

Поп-дивата Калиопи, балканската ѕвезда Лепа Брена, Тончи Хуљиќ и Сенида потврдија дека ќе пеат на вторите MAC награди. Доделувањето на наградите ќе се одржи во „Штарк арена“ во Белград на 27 јануари. Претходно својот настап го најави и Нина Бадриќ.

„Морам да ја пофалам организацијата за начинот на кој сè ставија под едно небо, посветувајќи му на секој музичар доволно внимание и значење, сето сценски да биде проследено на еден светски начин,“ рече Калиопи и откри дека ќе настапи на големото музичко натпреварување.

И Лепа Брена изјави дека е среќна што ќе настапи на доделувањето на наградите и најави дека публиката овојпат ќе ја види во сосема поинакво издание.

„Исклучителна чест и задоволство ми е што организаторите ме поканија да настапам на оваа манифестација. Секогаш настојувам да бидам нова, да бидам поинаква, па публиката може да очекува нешто сосема свежо и поинакво. Ќе кажам само дека настапот ќе се состои од еден необичен микс од неколку од моите најпознати песни,“ вели Брена.

Текстот Калиопи и Лепа Брена ќе пеат на МАС наградите е превземен од Reporter.mk.