Поп-дивата Калиопи на својот Инстаграм профил емотивно се збогува со својата тетка, жената заради која ја засакала музиката и која прв пат во животот ја однела на опера.
„Ти беше таа што за прв пат ме однесе на опера. Ја гледавме ‘Тоска’. Имав само 6 години и за време на претставата ти велев: ‘Тето, тето! Пејачката гледа цело време во мене додека пее!’. Таа ноќ после претставата , одевме пешки од Универзална сала до кај тебе дома, во Тафталиџе. Цело време по пат ти пеев. Кој знае колку смешна сум ти била.Но, ти во секој еден момент ми влеваше чувство дека многу сериозно и силно ме доживуваш. Таа ноќ мила моја, во тој незаборавен и прекрасен мај, моето мало срце реши што сака биде кога ќе порасне. И до твојот последен здив, ти пееше со мене. Овие редови ти ги посветувам тебе моја единствена , зашто знам дека би била пресреќна кога би ги читала. Иако, ти сето ова веќе го знаеш“, напиша Калиопи.
Текстот Калиопи ја изгуби жената заради која почнала да пее е превземен од Reporter.mk.