Поп дивата Калиопи имаше голем солистички концерт во Комбанк Арена во Белград кој се одржа викедов. Таа пред многубројната публика ги отпеа своите најголми хитови, а на присутните им приреди изненадување, кога се симна од сцената и му се фрли во прегратки на познатиот актер Милан Калиниќ, кој беше во публиката. Потоа двајцата започнаа да играат. Калиопи сподели видео од сцената со Калиниќ.
„Каква радост е да имаш вакви луѓе околу себе. Спонтаност, љубов и исполнување на желбите. Ти благодарам драг пријателе на овој спонтан момент во Белград“, рече Калиопи. На својата официјална страница таа откри дека е презадоволна од тоа како поминува турнејата.
“Се уште сум под впечатоци. Белграде, дали си свесен што ми направи? А вие, Крушевац, Јагодина, Крагуевац, Ваљево? Свесни ли сте што ни дадовте? – напиша Калиопи.
Поп дивата Калиопи наголемо настапува низ градовите во Србија. Таа веќе имаше концерти во Крушевац, Јагодина, Крагуевац, Белград и Ваљево, а до крајот на овој месец таа ќе пее и во Краљево, Лазаревац, Панчево и Ниш. Лани одржа голем солистички концерт во Белград, во ,,Сава центар”, но и турнеја низ поголемите градови во Србија и регионот. Засега ја нема во Македонија, ниту пак е во најава некаков нејзин настап. Последниот концерт во Скопје беше во Метрополис Арена на 14. февруари 2009 година.
Текстот Калиопи среде настап слезе од бина и му се фрли во прегратки на Милан Калиниќ е превземен од Reporter.mk.