Камерманот трчал со Сталоне на скалите во исто време додеа го снимале „Роки“

Силвестер Сталоне по 43 години од снимањето на филмот „Роки“, откри како бил снимен моментот кога актерот се подготвувал за боксерскиот меч и трчал по скалите низ Филаделфија. Овој филм премиерно бил прикажан далечната 1976 година, а холивудскиот актер Силвестер Сталоне ја игра улогата на боксер.

Сталоне вели дека за перфектно снимена сцена, на која Роки трча по скалите, е заслужен снимателот Герет Браун. Благодарение на неговиот изум, кој се користи и ден денес во филмската индустрија и на телевизија, сцената била беспрекорно снимена, без да бидат направени никакви тресења на кадрите.

„Многу интересна фотографија. Камерман за прв пат во филмот Роки, користел камера под името „Steady Cam“, која направи тотална револуција во филмската индустрија и која и денеска се користи во 90% од снимањата на филмовите и ТВ емисиите. Сите тие сцени каде јас трчам слободно и каде се качував по скалите, ги сними без никви тресења на кадрите. Камерманот Герет Браун, кој е висок 2.04 метри, трчаше низ скалите брзо исто како и јас. Но, тоа го правеше од страна, додека гледаше во мониторот. Ова не би можело да се сними со конвенционална опрема. Овој мал филм е снимен за 26 дена и тоа беше апсолутно невозможно без Браун и неговиот неверојатен изум“, напиша Сталоне на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

Very interesting photo… Rocky was the first time a local Cameraman and inventor named Garrett Brown Extensively used a Camera called the STEADY CAM Which TOTALLY revolutionized the film industry and is used in 90% of every film and TV show made today !!! It was a minor miracle that he just happen to live in Philadelphia. All those scenes of me running freely and finally up the steps Without a single bump… The cameraman, Garrett Brown , who Was 6 foot seven , ran up the steps as fast as me , but almost sideways while looking at a monitor!Could not have been done with conventional equipment…. This little movie was only made in 26 and a half days, and Would’ve been absolutely impossible without Mr. Brown and his amazing invention!

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone) on

Текстот Камерманот трчал со Сталоне на скалите во исто време додеа го снимале „Роки“ е превземен од Reporter.mk.