Канадскиот рапер Џон Џејмс Мекмари (34) загина додека снимаше музички спот рапувајќи на крилото на авион кој изведуваше акробации.
Мртовечката служба на канадската провинција Британска Колумбија соопшти дека Мекмари смртно страдал за време на работата со тимот кој снимаше акробации на леталото и спуштање со падобран , пренесе АП.
Неговиот менаџер Рајан Дароше вели дека раперот “интензивно вежбал“ за акробацијата, но дека несреќата се случила кога малата „цесна“ направила спирала во моментот кога тој излегол на крилото на авионот.
Од тимот на раперот велат дека тој тогаш паднал и се фатил за крилото, за кое држел предолго, а падобранот се обидел да го активира кога било предоцна.
Паднал на земја и загинал на лице место, а авионот и пилотот подоцна бебедно слетале.
Текстот Канадски рапер загина додека рапувал на авион е превземен од Reporter.mk.