Попукарниот пејач и сопруг на Ким Кардашијан, Кање Вест сака да си го промени името, пишуваат светските медиуми. Раперот за време на Фестивалот за иновации организиран од „Фест компани“ изјави дека во иднина би можел да се прекрсти во Христијански Гениј Милијардер Кање Вест.
Покрај промената на името, Вест повтори дека во иднина планира да се кандидира и за претседател на САД во изборната трка во 2024 година. Публиката и собраните на фестивалот не го сватиле сериозно и почнала да се смеат на неговите изјави, а раперот бледо и молчејќи останал да ги гледа, пишува „Пејџ сикс“.
Текстот Кање Вест сака да си го промени името е превземен од Reporter.mk.