Американскиот рапер Канје Вест изјави дека еден ден ќе стане претседател на САД. Во емисијата на „Епл мјузик“, пред излегувањето на новиот албум, раперот зборувал на многу теми, вклучувајќи ја и политиката. Таму признал дека со поддршка на републиканците сакал да ги нервира демократите, но и дека е уверен дека во иднина ќе влезе во Белата куќа.
„Ќе дојде тој ден кога јас ќе бидам претседател на САД“, повторил тој.
Не е првпат сопругот на Ким Кардашијан да каже дека сака да биде претседател на земјата. Тој често изјавуваше дека ќе се кандидира на изборите во 2020 година за да може да биде „поинаков претседател“.
Текстот Канје Вест тврди дека ќе стане претседател на Америка е превземен од Reporter.mk.