Старлетата Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг раперот Кање Вест го објавија името на нивното четврто дете Псалм Вест. Популарната двојка се најде на мета на критики дека немаат вкус во изборот на имиња за нивните деца.
„Колку глупо име“, „Имињата на селебрити лицата стануваат се поглупи“, „Уморен сум од овие имиња“, „Ким извини, но ова име е грозно“, „Сите имиња на вашите деца се грозни“, „Извинете, но вие имате најлош вкус за детски имиња“, „Ниту едно од вашите деца нема убаво име“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.
Минатата недела Ким и Кање станаа родители по четврти пат. Сурогат мајката на свет донесе момче, а дури синоќа Кардашијан на социјалните мрежи го објави името на момчето.
„Прекраен мајчин ден. Со доаѓањето на нашето четврто дете, имаме се што ни е потребно“, и напиша Кање на својата сопруга на социјалните мрежи.
Покрај Псалм, популарната двојка имаат уште три деца. Норт и Саинт ги роди Ким, додека Чикаго ја добија преку сурогат мајка. Двојката е во брак од 2014 година.
Текстот Кардашијан и Вест им ставија грди имиња на децата е превземен од Reporter.mk.