Каков Божик би бил доколку семејството Кардашијан не ја објави Божиќната семејна честитка. Ким и Клои вчера конечно ја објавија официјалната честитка, но без некои членови на семејството. За разлика од изминатите години, на овогодинешната честитка биле само четири сестри и нивните деца, а недостигаат Кендал и нивниот брат Роберт, иако покрај Клои седи неговата ќерка Дрим.
Иако Кајли на нејзиниот Инстаграм профил потенцираше дека ќе носи провиден фустан, сепак таа носи бел комбинезон. Сите се облечени во бело, додека Клои носи и круна.
“Божиќ 2018. Оваа година чекавме до последниот момент со честитката. Распоредите ни се менуваа и поклопуваа, а мојот сопруг е надвор од градот. Но, на денот кога ја снимивме оваа честитка сфативме дека сите наши деца се заедно. Кендал и мојата мајка мораа да одат на состанок, па ова е најдоброто што можевме да го направиме. Се собравме во најголем број. Среќен Божиќ на Вас и Вашите семејства од нашето”, напиша Ким под честитката и откри дека Кендал сепак не изостана од фотографијата бидејќи нема деца, туку поради нејзините обврски.
Текстот Кардашијанките ја објавија Божикната честитка е превземен од Reporter.mk.