Музичката ѕвезда Карди Би откри дека откажала еден од закажаните концерти за да направи липосукција. За липосукција се решила оти се здебелила додека била бремена со ќерката Калчр. Раперката, која отворено зборува за се, рекла дека го откажала концертот оти лекарите ѝ советувале да мирува.
„Имам вести за вас. Морав да го откажам денешниот концерт. Не требаше да бидам овде, бидејќи прекумерното движење би можело да ја заебе мојата липосукција“, изјавила таа од Мемфис.
Карди Би не негира дека и претходно имала пластични операции за да го подобри изгледот. Таа претходно ги зголемила градите.
Текстот Карди Би откажа концерт за да направи липосукција е превземен од Reporter.mk.