Балканската ѕвезда Јелена Карлеуша објави семејна фотографија со сопругот Душко и ќерките и им порача на медиумите да престанат да се занимаваат со нејзиниот брак. Во јавноста повеќе од една година се зборува дека таа и Душко се разведуваат, па дека се смириле, па повторно дека се разведуваат. Новите гласини дека бракот меѓу Јелена и Душко е завршен почнаа откако таа за Велигден сподели слика со ќерките, на која го нема сопругот.
„Откачете ми се од мојот брак, маж, хороскоп, лаги. Моето семејство е моја работа. Ако некој треба да соопшти детали за мојот брак тоа сум јас бидејќи само јас ја знам вистината за мојот приватен живот“, напиша меѓу другото Карлеуша.
Таа додаде дека некои медиуми намерно ја провоцираат и сакаат да ѝ биде лошо во животот.