Карлеуша: Душко не ме тепаше, во карантин сме, полицијата не контролира

По пишувањата на некои српски медиуми дека Јелена Карлеуша денеска го пријавила поранешниот партнер Душко Тошиќ во полиција за семејно насилство, се јави и српската пејачка која на социјалните мрежи ги негираше ваквите пишувања. Српски „Телеграф“ пишува дека Јелена на „Инстаграм“ ја објавила веста и ја демантирала истата.

„Полицијата поминува во обиколка околу нашата куќа за да провери дали Душко е во карантин и не ја го крши законот. Нема потреба да се шират вакви лаги за насилство. За жал за многумина, мене никој ме нема претепано“, изјавила Јелена за српски „Телеграф“.

Поедини медиуми пренесоа дека Карлеуша денес на 21 март во 18 часот го пријавила Тошиќ за семејно насилство. Исто така тие пренесоа дека пејачката изјавила во полиција дека веќе подолго време трпи насилство од Душко и дека одбила лекарска помош.

 

 

Текстот Карлеуша: Душко не ме тепаше, во карантин сме, полицијата не контролира е превземен од Reporter.mk.