Карлеуша, Џала Брат и Буба Корели се навредуваа во авион

Пејачката Јелена Карлеуша се скарала со раперите Буба Корели и Џала Брат на летот од Цирих кон Белград. Во неделата наутро тие се враќале од Швајцарија со истиот авион, каде и што се случил скандалот. Таа ги нарекла „чудовишта“, а тие ѝ рекле дека е „баба“.

Според очевидци, Карлеуша и дуото случајно имале седишта едни до други во авионот. Јелена прва влегла во авионот и седнала, а брзо потоа влегле и раперите со менаџерите. Кога Карлеуша сфатила дека ќе седи до нив целиот лет, побарала од стјуардесата да ја премести. Таа, наводно, ѝ рекла: „Госпоѓо, ве молам, да ме преместите подалеку од овие чудовишта“, рекол извор за српски „Ало“.

„Ставете ја таму, напред. Бабите секогаш седат на предните седишта. Ние сме кавалери, постарата дама нека седне напред“, одговориле на тоа раперите.

Карлеуша и раперите со години не разговараат и се навредуваат јавно. А се почнало кога Јала рекол дека нема да снимаат дует со Карлеуша затоа што е премногу стара.

„Таа може да снима само реклама за пелени за возрасни. Ние сме премногу млади и успешни за неа“, рекол тогаш раперот.

Текстот Карлеуша, Џала Брат и Буба Корели се навредуваа во авион е превземен од Reporter.mk.