По повод објавата на својот прв спот на победничката во шоуто „Задруга“, Кристина Кија Коцкар, се огласи и Јелена Карлеуша.
Пејачката без влакна на јазикот кажа што имаше за новиот спот на Кија, „Не се враќам на старо“, која го изведе со „Министарке“.
Јелена своето размислување го сподели со обожавателите на Твитер. Очигледно Карлеуша била под впечатокот од вчера, кога сите непрекинато зборуваа за спотот првенец на Кија. За само еден час истиот достигна повеќе од милион прегледи на Јутјуб.
„Знаете што, ако во Србија Кија (?!) со вакво пеење, изглед и харизма е прва во трендинг, сериозно размислувам да вложам пари во моите дадилки и гардероберка. Би растуриле! Јас не се шегувам“, напишала Карлеуша.
Текстот Карлеуша гледа потенцијална конкуренција во Кија е превземен од Reporter.mk.