Српската пејачка Јелена Карлеуша се пофали дека нејзините ќерки Атина и Ника од оваа година ќе учат во приватно интернационално школо. Таа на „Инстаграм“ објави слика од првиот школски ден. „Моите школарки“, напиша таа. Според српските медиуми, пејачката и нејзиниот маж, фудбалерот Душко Тошиќ, ќе плаќаат по 7000 евра за школувањето на децата.
Тие наводно, се решиле да го сменат школото во кое учат Атина и Ника по ланскиот секс-скандал на Карлеуша со Огњен Врањеш. Според медиумите во Србија, девојчињата биле под силен стрес заради озборувањата на училиште и навредите што ги трпеле заради нивната мајка.
„Јелена и Душко решија да го сменат опкружувањето на децата по се низ што поминаа последнава година. Тие веруваат дека во новото училиште никој нема да ги задева и озборува, бидејќи школото е интернационално и тука учат деца на странски дипломати и бизнисмени“, рекол за „Ало“ близок пријател на фудбалерот.
Тој додал и дека ова е едно од најскапите приватни училишта во Србија, а пејачката и фудбалерот не сакаат да штедат кога се во прашање нивните деца.
Текстот Карлеуша плаќа по 7000 евра за школување на ќерките е превземен од Reporter.mk.