Пејачката Јелена Карлеуша испровоцирана од голем број хјетери на социјалните мрежи, кои го коментирале нејзиниот изглед, објави пост во кој им порача дека таа изгледа поубаво кога не е нашминкана.
„Мотивациона порака до сите хејтери. Во живо изгледам 100 пати поубаво. Поубава сум без шминка. Ви посакувам убав ден“, напиша пејачката на „Инстаграм“.
Некои од медиумите испровоцирани од оваа нејзина објава, објавија фотографија од пред десетина години, од Карлеуша без шминка. Папараците ја снимиле пејачката во Земун, додека била во посета на една приватна клиника. Друштво и правела нејзината мајка. Карлеуша на фотографијата била без шминка и изгледа како да е вознемирена.
Медиумите пишуваат дека Карлеуша ваквите фотографии без шминка не ги објавува на социјалните мрежи. Таа објавува фотографии, откако претходно убаво ќе ги уреди. Во моментов пејачката се наоѓа во Белград, каде е во карантин, заедно со нејзиниот сопруг Душко Тошиќ и двете ќерки.
Текстот Карлеуша: Поубава сум без шминка е превземен од Reporter.mk.