Македонскиот претставник Стефан Величковски, синоќа воодушеви за време на изведбата во „Ѕвездите на Гранд“ и успеа да ги добие сите симпатии, но и гласови од шестчленото жири.
На големиот број пофални коментари, не остана имуна мајката на Стефан, која не успеа да ги задржи емоциите и заплака за време на бодувањето. Таа им се заблагодари на сите во жирито.
„Заради ваква мајка ти заслужи да продолжиш. И за пеењето на првата песно, но и заради ваква мајка“, рече Карлеуша.
За разлика од Стефан, вториот македонски претставник Адам Лабунски ја немаше таа среќа да ги освои симпатиите на жирито. Прво Шерифовиќ му замери затоа што во последен момент ја променил песната, без нејзино знаење, а потоа следеше расправијата меѓу таткото на Адам Ибро и судијата Ѓорѓе Давид.
Инаку, покрај Стефан и Адам, на сцената се претстави и прилепчанецот Гоце Бошковски (33), чиј ментор е Ѓорѓе, а од жирито доби задоволителни четири гласа. За него не гласаа само Марија Шерифовиќ и Босанац.
Текстот Карлеуша се смири со Стефан, Македонецот воодушеви во „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.