Српската пејачка Јелена Карлеуша е пресреќна што нејзиниот сопруг Душко Тошиќ го продолжи договорот со кинескиот клуб Guangdžou R&F до 2021 година.
Пејачката објави пост во кој вели дека е пресреќна поради продолжениот договор на нејзиниот сопруг. Од клубот му понудиле на Тошиќ договор вреден 8.500.000 ера, со кој Србинот се обврзува да игра до 2021 година.
Јелена објави и фотографија на социјалните мрежи на која таа е заедно со сопругот Душко Тошиќ. Фотографијата е направена во Кина, каде што пред неколку дена, таа заедно со ќерките го прославија 34. роденден на Душко.
Текстот Карлеуша среќна што Тошиќ ќе остане да игра во Кина до 2021 година е превземен од Reporter.mk.